Since 1995

За Нас

Автошкола ‘ART’ – Повеќе од автошкола, приказна за успех што продолжува.

Од 1995 година, Автошкола 'ART' стана синоним за квалитет и посветеност во обуката на кандидати за сите категории моторни возила. Со длабоки корени во традицијата и модерен пристап, им помогнавме на илјадници луѓе да го направат првиот чекор кон независноста на патот.

Повеќе од две децении растеме заедно со градот. Прво на улица Цеде Филипоски, а потоа од 2000 година на Илиденска бр. 132 – секој чекор напред беше направен со цел да се приближиме уште повеќе до потребите на нашите кандидати.

И сега, од 2025 година, започнува ново поглавје за Автошкола ‘ART’. Со гордост ја објавуваме нашата нова, пофункционална и попогодна локација:

📍 Светозар Пепоски бр. 2 – Гостивар

  • Новата локација претставува повеќе од адреса – тоа е нашата посветеност да понудиме уште подобри услови:
  • Удобен амбиент со модерна аудио-визуелна опрема за теоретски предавања
  • Пространа училница за 16–30 кандидати
  • Гостољубива канцеларија за секој кандидат што ни верува
  • Наменско паркинг место

Највредниот дел од Автошкола ‘ART’ не се ѕидовите или опремата – туку нашите внимателно избрани инструктори. Професионалци со големо срце и длабоко искуство кои предаваат со посветеност и љубов.

Изберете нè не само затоа што сакате да научите да возите, туку затоа што ние веруваме во вашиот пат кон слобода и самодоверба.

AutoShkolla ART

Gostivar · Svetozar Peposki No. 2