A

Категорија A - Мотоцикли

Слобода на две тркала! Научете да возите безбедно и со стил.

Барања

За да аплицирате за категорија A, треба да имате:

  • Возраст 24+ (или 21+ ако имате категорија А2 најмалку 2 години)
  • Лична карта
  • Уверение за здравствена и психофизичка способност
  • Доказ за завршено најмалку основно образование (нотарски заверена фотокопија)
  • Нотарски заверена фотокопија од возачка дозвола (ако поседувате друга категорија)
  • Потврда за прва помош (ако не поседувате друга категорија)

Времетраење на обуката

Подготовката за оваа категорија вклучува:

  • Теоретски дел: 16 часа
  • Практичен дел: 16 часа

Ако имате категорија Б, за оваа категорија се полага само практичен дел од испитот.

Регистрирајте се сега