B

Категорија B - Патнички возила

Првиот чекор кон вашата независност на патот. Класичен избор за секој нов возач.

Барања

За да аплицирате за категорија B, треба да имате:

  • Возраст 18+
  • Лична карта
  • Уверение за здравствена и психофизичка способност
  • Доказ за завршено најмалку основно образование (нотарски заверена фотокопија)
  • Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар (ако сте малолетни)
  • Потврда за прва помош (ако не поседувате друга категорија)

Времетраење на обуката

Подготовката за оваа категорија вклучува:

  • Теоретски дел: 20 часа
  • Практичен дел: 36 часа
Регистрирајте се сега